Земјотрес во БиХ – краток, но со силен татнеж

Од:

Утринава во 9:43 часот по локално време, земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во областа на Зеница, во БиХ.

Иако стануваше збор за краток и релативно слаб земјотрес, многумина изразија загриженост за ненадејното тресење на земјата.

Коментарите на граѓаните на социјалните мрежи и платформи како EMSC (Европско-медитерански сеизмолошки центар) беа различни, но претежно сите укажуваа на силен, но краткотраен потрес.

Се тресеше добро“, Беше краткотраен, но доста силен“ и Краток и не многу силен земјотрес во Зеница“ – ова се само некои од описите што ги дадоа мештаните.

Иако потресот се почувствувал само околу две секунди, многумина истакнаа дека биле повеќе исплашени од татнежот што му претходел на тресењето отколку од самиот земјотрес.

Земјотресите со оваа јачина обично не предизвикуваат голема штета, но предизвикуваат паника кај жителите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина