Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер во Бугарија

Од:

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Бугарија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот, чиј епицентар бил на 45 километри југоисточно од Софија, се случил на длабочина од 12 километри, соопшти ЕМСЦ.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Благоевград, почувствуван во Делчево и Виница

А1он

Земјотрес во Бугарија, епицентарот е во близина на Несебар