Здравствената состојба на Јованка Броз е критична

Од:

Здравствената состојба на некогашната прва дама на СФРЈ, Јованка Броз е крајно сериозна, пренесе српски „Блиц“.

–Во последните два дена Јованка е во критична состојба. Таа моментално е во кома и е приклучена на апарати-изјави директорот на Ургентниот центар во Белград, Златибор Лончар.

Вдовицата на Тито на 23-ти август беше примена во болница во многу лоша здравствена состојба. По првите лекарски интервенции, почна да се опоравува , но потоа повторно и се влоши. Под притисок на јавноста државната машинерија се обиде по излегување од болница на Јованка да и најде соодветно место за живот, бидејќи вилата на Дедиње во која со години живееше е во многу лоша состојба.

Понудените куќи во дипломатската населба, таа ги одби и нејзина желба беше да се врати во вилата каде што живееше последните 30 години.

Сериозноста на нејзината здравствена состојба ја засени приказната за стамбеното прашање.

Сега се почесто се зборува за желбата која што им ја пренела на своите сестри, да биде погребана до својот сопруг, во Куќата на цвеќето.

Бидејќи погребот во Куќата на цвеќето би бил комплициран поради мермерните плочи, но и поради законските процедури, претставници на државата, предложиле Јованка да биде погребана во просторијата до Титовиот гроб, пренесе „Блиц“.

Елена Георгиевска