Завршена обдукцијата на загинатите жени при падот на мостот: Прогласен ден на жалост

Од:

Обдукцијата на телата на двете жени кои вчера загинаа при уривање на дрвениот висечки мост во Овчар Бања е завршена и телата во придружба на свештеник треба да пристигнат дома вечерва, изјави градоначалникот на Зворник Зоран Стевановиќ.

Поради смртта на двe сограѓанки денеска во тој град е прогласен ден на жалост.

Стевановиќ рече дека сограѓаните кои не се повредени синоќа се вратиле во своите домови, а од болницата во Чачак денеска треба да бидат отпуштени осум повредени.

Градот Чачак на чело со градоначалникот Милун Тодоровиќ им понудил да им обезбеди превоз за и тие безбедно да стигнат до своите домови“, изјави Стевановиќ за Српскаинфо, кој вчера ги посети повредените во болница.

Тој изрази голема благодарност до Тодоровиќ и сите луѓе во Чачак кои на каков било начин помогнале и ги спасиле жителите од Зворник кои паднаа во вода.

Група од 114 лица од Зворник синоќа требаше да пристигне со два автобуси на компанијата „Еуро Петрол Оил“ на вечерна молитва во манастирот Ѓунис, во пресрет на денешниот празник Покровителство на Пресвета Богородица, јавува Глас Српска.