Поранешниот шеф на кризниот штаб на таканаречениот САО Босанска Краина, воениот злосторник Радослав Брѓанин (74), почина во болница во Бања Лука, јавува Танјуг. Во 2007 година, Кривичниот суд за поранешна Југославија го осуди Брѓанин на 30 години затвор за злосторства против несрпското население во Босна и Херцеговина. Тој беше уапсен од СФОР во 1999 година и транспортиран во Хаг.
На суд, тој беше прогласен за виновен за злосторства кои вклучуваат прогон, тортура, депортација и принуден трансфер извршени врз несрпското население во Босна и Херцеговина. По обединувањето на неколку „српски автономни“ области во Република Српска, Брѓанин, член на СДС, беше потпретседател на нејзината влада.
Дојде во Бања Лука пред неколку дена
Во Хашкиот трибунал беше осуден на 30 години, а по 23 години во затвор, поради тешка здравствена состојба пристигна во Бања Лука. При донесувањето на одлуката се земени предвид сериозното влошување на здравствената состојба на Брѓан и барањето за негово итно ослободување од хуманитарни причини.
Овој осуден воен злосторник е поранешен политички лидер на српската автономна област Краина. Во 2007 година, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија му ја изрече конечната казна на Радослав Брѓанин, осудувајќи го на 30 години затвор.
По пресудата на Хашкиот трибунал, Брѓанин ја отслужи казната во Данска, од каде на 14 септември минатата година беше префрлен во притвор на Хашкиот механизам за меѓународни кривични судови.
Брѓанин, поранешен политички лидер на Автономниот регион Краина, кој беше под српска контрола, беше прогласен за виновен од страна на МКТЈ во 2007 година за злосторства извршени врз несрпското население во Босна и Херцеговина, особено во АРК во текот на 1992 година.
Радослав Брѓанин беше обвинет и осуден за сериозни прекршувања на Женевската конвенција од 1949 година во врска со злосторствата извршени од силите на босанските Срби во 13 општини во автономниот регион Краина од април до декември 1992 година, пренесува Кликс.
Она што е интересно во овој случај е што одбраната на Радослав Брѓанин не се ни обиде да ги оспори заклучоците на Судскиот совет дека се води меѓународен конфликт во жалбената постапка, а Апелацискиот совет не го ни разгледа тоа прашање во овој случај.