Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска во Сараево изјави дека дошол ако пријател, како претставник на земја која ја почитува територијалната целовитст на Босна и Херцеговина, но и на Република Српска, и кој сака да гради доверба и подобри односи.
– Очекувам дека тоа го сакаат и во БиХ. Не е неопходно да има многу љубов, но треба да има почитување и уважување. Од српска страна го имате тоа. Без никакво лицемерие, тоа е најправичното нешто што Србија може да го направи и тоа е нешто што Србија го сака од БиХ, истакна Бучиќ на прес- конференцијата по средбата со претседателот на Советот на министри на БиХ, Вјекослав Беванда.
Беванда од своја страна нагласи дека разговорите со српскиот премиер минале во пријателска атмосфера, „без комплекси и со низа конкретни предлози“.
– Ние сме соседи, тоа е факт и никој не може да го промени тоа. Треба да се гледа напред, тоа треба да биде приоритет, треба да имаме чесни и чисти односи, посочи Беванда.
Тој истакна дека со Вучиќ разговарал за границите и наследството од СФРЈ, а приоритет била економската соработка.
Престојот во Сараево е прва посета на Вучиќ во странство откако стапи на должноста премиер.
ФОТО: Klix.ba