Вучиќ по средбата со Фицо: Србија беше шокирана

Од:

Пред медиумите во Србија се обратија премиерот на Република Словачка, Роберт Фицо и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Вучиќ во таа прилика истакна дека Србија била шокирана од атентатот на Фицо, додека премиерот на Словачка го поздравил Вучиќ на српски јазик.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска имал извонредна чест да разговара со Фицо, еден од најважните светски лидери.

„Имам право да го кажам тоа, бидејќи малку луѓе во светот ми ласкаат и знам колку е тешко да се води независна политика. За мене е задоволство што разговаравме за сите стратешки прашања“, рече Вучиќ.

Како што рече, станало збор за подобрување на економската и енергетската соработка.

Се обидов да научам нови работи од него, како што еднаш научив како да користам ваучери за одмор во Србија“, изјави српскиот претседател.

Тој истакна дека наскоро ќе презентира нови идеи во јавноста и додаде дека граѓаните на Србија ќе бидат задоволни со тоа.

„Разговаравме за сите важни прашања и за геополитичката ситуација. Заеднички веруваме дека мирот во Украина и Русија е неопходен. Ова е нешто што е исклучително важно, што некои одлуки што се донесени, кои само го поттикнуваат воениот конфликт, не носат било што добро“, рече Вучиќ.

Тој посочи и дека Србија ќе продолжи да ја следи политиката што ја усвои Советот за национална безбедност пред две и пол години.