Вучевиќ: Во Србија владее некое лудило, ќе треба да го излечиме најдобро што знаеме

Од:

Српскиот премиер Милош Вучевиќ откри дека состанокот на Српската напредна партија во Ниш е откажан.

– Пред 6-7 дена закажавме состанок со граѓаните на Ниш. Сакавме да слушнеме кои се најважните работи, најважните проблеми за најголемиот центар на југоисточна Србија. Но, некои луѓе, токму на денот кога го загубивме 16-от живот, за жал денеска почина и Вукашин, си дадоа за право да го спречат или да не дозволат луѓето што мислат поинаку да го постигнат тоа – рече Вучевиќ.

– Тие што ќе вршат насилство ќе треба да одговараат политички, а некои и криминално – нагласи тој.

Тој нагласи дека тоа е нешто што не е видено во Србија од појавата на политичките партии во 19 век.

– Во Србија завладеа некакво лудило, се случуваат секакви работи, ќе мора да го излечиме најдобро што знаеме. Порака за луѓето во Ниш – Доаѓаме, јас и Ана, наскоро ќе бидеме заедно, на многу поголем собир доаѓа и претседателот на Републиката. Верувам дека не поддржувате и ја разбирате нашата одлука. А оние кои вршат насилство на крајот ќе треба да одговараат. Барем политички, а некои и криминално. Се гледаме наскоро во Ниш на величествен собир – заврши Вучевиќ.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Протестот пред мојот дом го подготвија политичари – последен чин на лудило

А1он

(ВИДЕО) Блокадерите ја опколија куќата каде што живее Милош Вучевиќ и неговото семејство

Горан Наумовски

Вучевиќ: Најлошите од најлошите ги блокираат најдобрите

Горан Наумовски

Вучевиќ пред Парламентот: Време е да се стави крајот на Шарената револуција

Горан Наумовски

Вучевиќ: Не сакаме насилство на протестот во Белград, но се плашам дека тоа е нивната единствена цел

Горан Наумовски

Вучевиќ и моторџиите се упатија кон Белград за да ги поддржат студентите кои сакаат да студираат