Вучевиќ: Нема крај на теророт на Курти врз Србите на Косово

Од:

Српскиот премиер Милош Вучевиќ, по повод денешното затворање на огранокот на Даночната управа во Косовска Митровица изјави дека на теророт на премиерот на Косово, Албин Курти му нема крај, против српскиот народ, но дека и овој потег на Курти нема да ги скрши Србите.

„Нема крај на теророт на Курти врз српскиот народ на Косово и Метохија, како да не му беа доволни неговите претходни постапки, насочени исклучиво против Србите, за да не го направи нивниот нормален живот и престој и опстанок на Косово и Метохија е потежок, па на вториот ден од Божиќ продолжи со насилните постапки и провокации“, нагласи Вучевиќ во изјавата.

Тој додаде дека инспекторите на Курти и косовската полиција извршиле рација во огранокот на даночната управа на Министерството за финансии на Владата на Република Србија во северниот дел на Косовска Митровица, кој го затвориле по претресот.

Вучевиќ истакна дека тоа е срамно и неприфатливо и посочи дека и на овој голем христијански празник Србите во Косово и Метохија немаат мир.

„Курти со ова покажа и дека не сака нормализација на односите, туку дека го интересира само да предизвика дестабилизација, дека нема повеќе Срби на Косово и Метохија, дека засекогаш ги вкрстува патиштата со нив. Но, Курти треба да знае дека нема да ги скрши Србите со овие кутри и мизерни потези на Косово и Метохија Државата Србија секогаш ќе биде со својот народ на Косово и Метохија“, нагласи Вучевиќ.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Се подготвува голема кампања против корупцијата, нема да има заштитени

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Вучевиќ: Верувам дека интересот е да се споиме преку брза пруга помеѓу нашите две држави, Скопје-Белград ќе бидат многу поблиску, но и Атина и Будимпешта и Виена

Регионалното поврзување како дел од идното интегрирање во ЕУ останува приоритет за двете држави, кажаа Мицкоски и Вучевиќ

На Македонија поодамна требаше да и биде дадена можност за напредок кон ЕУ, вели српскиот премиер Вучевиќ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Официјален пречек на српскиот премиер Вучевиќ пред Владата