Вучевиќ: Блокадите немаат врска со несреќата во Нови Сад

Од:

Претседателот на Српската напредна партија (СНС) и премиер во заминување, Милош Вучевиќ вечерва изјави дека протестите и студентските блокади немаат врска со несреќата во Нови Сад во која загинаа 15 лица и додаде дека е важно да се намалат тензиите и да се спаси земјата.

Вучевиќ рече дека луѓето кои во саботата ги блокираа мостовите во Нови Сад „прават карневал“.

„Ова не е прашање на партијата и на мандатот, на овие протести, туку на опстанокот на државата. Тоа што се случуваше изминативе три месеци нема никаква врска со трагедијата што се случи во Нови Сад, што можевме да ја видиме вчера во тој град, дека правеле карневал“, оцени Вучевиќ.

Според него, не се сите кои учествуваат во блокади злонамерни, туку се манипулирани од опозициски политичари.

„Ниту еден студент нема да биде министер, туку разни мариники, бјелогрлиќи“, рече претседателот на СНС.

Во Нови Сад во саботата студенти и граѓани организираа дваесет и четиричасовна блокада на мостот по повод три месеци од несреќата на железничката станица во Нови Сад.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Оние кои сакаат отцепување на Војводина протестите ги гледаат како можност за нивните планови

ВИДЕО: Падна владата на Србија, Милош Вучевиќ поднесе оставка

Горан Наумовски

Српскиот премиер Милош Вучевиќ ќе поднесе оставка

Горан Наумовски

Вучевиќ: Студентите да дојдат за да разговараме за сите теми

Вучевиќ: Собирот не е забранет, насилството е забрането

А1он

Вучевиќ: Ќе има историски покачувања на платите во основните и средните училишта