Пет лица загинаа денеска во Домот за стари и изнемоштени лица на улицата Мажураниќева во Дарувар. Шестото лице почина во болница. Маж, поранешен полицаец, влезе во Домот за стари и изнемоштени лица и почна да пука. Пет лица загинале на лице место, а неколку лица се повредени. Уште едно лице подоцна почина во болница. По нападот убиецот побегна, но полицијата набрзо го фати.
Од полициската управа велат дека околу 10.10 часот добиле пријава дека машко лице со употреба на огнено оружје убил и ранило неколку лица во дом за стари и изнемоштени лица. Оттаму додаваат и дека на местото на инцидентот во тек е истрага, предводена од заменикот на Жупаниското државно правобранителство во Бјеловар.
Пахоки е пензиониран воен полицаец. Во 1996 година, Фрањо Туѓман му го додели Спомен-обележјето на Татковинската благодарност, кое им се доделува на хрватските граѓани за чесна и примерна служба. По убиството со пиштол побегнал, но полицијата го уапсила во близина на кафуле. Ја уби мајката, штитеници и вработени во домот.
Вработена кој била во домот во моментот на масакрот раскажа што се случило.
“Побегнавме. Се сокривме под креветот, шефот истрча низ прозорецот, сопственичката само викаше- бегајте деца. Побегнавме во книжарницата. Само сакам сега да одам кај моите деца дома. Не видов некој повреден”, рекол шокираната вработена.