Во БиХ се уште нема кој да утврдува судир на интереси на политичарите!

Од:

Институциите на системот во Босна и Херцеговина моментно се соочуваат со голем проблем поради фактот дека се уште не е основано тело кое ќе утврдува евентуален судир на интереси кај избраните политичари.

Од Делегацијата на Европската унија во БиХ констатираа дека овој проблем влијае на довербата на граѓаните во политичките партии и избраните функционери. Наведоа дека исклучително бавниот напредок во оваа област покажува негодување на политичката елита да дозволи подобра контрола.

Имено, со измените и дополнувањата на Законот за судир на интереси во институциите на власта во БиХ, кои стапија на сила на 19 ноември 2013 година, предвидено е основање на Комисија за одлучување при судир на интереси која ќе се состои од девет членови.

Комисијата ќе биде составена од по три членови на Претставничкиот дом и на Домот на народите на Собранието на БиХ, како и од директорот и двајцата заменици на директорот на Агенцијата за превенција на корупција и координација на борбата против корупцијата во БиХ.

Претседателот и најмалку една третина членови на Комисијата од секој од домовите ќе бидат од опозицијата. Според измените на Законот за утврдување на судирите на интереси, од Централната изборна комисија на БиХ надлежностите се пренесуваат на новооснованата комисија.

Законот помина во Парламентот на БиХ

Од Агенцијата за превенција на корупцијата и координација на борбата против корупција на БиХ ни рекоа дека со измените на овој закон пропишано е дека оваа Агенција ќе ги преземе вравботените од ЦИК, кои до стапување на сила на Законот ќе вршат дејности кои се ставени во надлежност на Комисијата.

Меѓутоа, веќе е пробиен рокот за извршување на оваа обврска сметајќи дека изнесува 60 дена од денот на стапување на сила на Законот.

– Одржавме неколку работни состаноци на кои се обидовме да ја усогласиме содржината на текстот на Договорот за преземање на вработените. Поради различното толкување на одредбите од Законот посебно одредби кои ги третираат вработените кои до стапување на сила на овој Закон вршат дејности кои се поставени во надлежност на Комисијата, не го заклучивме договорот со ЦИК во предвидениот рок кој трае 60 дена, за преземање на вработените, наведоа во Агенцијата за превенција на корупција и координација на борбата против корупција во БиХ.

Наведуваат дека ЦИК на седницата од 18 ноември во 2013 година одржала седница на која е донесен заклучок дека во соработка со Агенцијата за превенција на корупцијата и координација на борбата против корупцијате, ќе подготват договор за преземање на вработените од Централната изборна комисија на БиХ.

Ставот пак на стручниот колегиум од Агенцијата е одредбите од членот 9 став 6 и 7 од Законот да се однесува само на вработените кои до стапување на сила на Законот ќе ги вршат дејностите во рамки на Одделот за примена на законите за судир на интереси при Секторот за правни дејности и примена на Законот за судир на интереси на Секретаријатот на ЦИК на БиХ.

Додаваат дека наведените одредби од Законот не се однесуваат на шефот на Секторот за правни дејности и примена на Законот за судир на интереси и кои ги раководел Секторот со две внатрешни организациски единици – Одделот за спроведување на Законот за судир на интереси и Одделот за правни дејности.

Агенцијата се обрати до Парламентарното Собрание на БиХ со барање за автентично толкување на недоволно дефинираните одредби кои пропишуваат преземање на вработените од ЦИК кои би работеле во Комисијата за одлучување при судир на интереси, а се однесуваат на одредбите од член 9 став 6 од Законот.

Додаваат дека ги преземале сите неопходни мерки околу изработката на Правилник за измени и дополни на правилникот за внатрешна организација кој ќе обезбеди формално правни претпоставки за преземање на вработените од ЦИК на БиХ.

Од друга страна портпаролот на ЦИК Максида Пириќ изјави дека во тек се активности на потпишување на договор меѓу ЦИК за преземање на службениците. Таа додаде дека во следниот период ќе биде организирано и примопредавање на документацијата за новооснованата комисија.

Но, без оглед на сето ова од невладиниот сектор предупредија дека вакви промени на законот всушност само основаат политичка институција која нема да го спречи судирот на интереси.

Томо Видовиќ од СДП, заменик претседател на Парламентот на Федерациата БиХ рече дека ЦИК е доведена во незгодна ситуација со одлуката босанскиот Парламент да го измени Законот за судир на интереси во институциите на власта на БиХ и проверките да ги предаде на својата комисија, која треба да се основа.

Насир Бегановиќ од СББ, претседател на Законодавно-правната комисија на Претставничкиот дом на Парламентот на Ф БиХ, смета дека ФБиХ по примерот на РС, а сега по примерот на парламентот на БиХ, треба да основа своја комисија која наместо ЦИК ќе води постапки за утврдување на судирот на интереси на избраните политичари, советници и носители на извршни функции.

– Лично сум против измените кои ги усвои Државниот парламент па оваа надлежност на ЦИК ја префрли на својата комисија, но во Парламентот на Ф БиХ на ист начин треба да се реши проблемот за решенијата да бидат исти во цела држава, потенцира Бегановиќ.

Претходно од Делегацијата на ЕУ предупредија дека законските прописи кои ја регулираат одговорноста на носителите на јавните функции и транспарентноста на нивната работа се од најголем интерес за јавноста, па пред усвојувањето треба да се организира поширока јавна дебата. Не само што законот не беше отворен за јавна дебата, како што констатираа, туку е усвоен по итна постапка која не дозволува предлагање на амандмани.

Исто така, наведоа дека основаната Комисија не дозволува услов за независност што може да ја загрози непристрасноста на процесот на проверка.

Со жалење констатираа дека властите во БиХ, усвојувајќи ги овие амандмани, не се фокусирале доволно на адекватно решавање на судирот на интереси.

Се чека Домот на народот

Домот на народот ПС на БиХ се уште не заседавал и на првата наредна седница на дневен ред треба да се најде и потврдување на именувањата на членовите на Комисијата за одлучување за судир на интереси. Со тоа Комисијата би била и формално правно основана и би можела да почне со својата работа.

Реален ризик кој се појавува, а кој може директно да влијае на оперативната работа на Комисијата е усвојување на Правилникот за измени и дополни на правилникот за внатрешна организација на Агенцијата чие усвојување е предуслов за преземање на вработените од ЦИК кои ќе работат дејности во надлежност на Комисијата.

Согласноста на правилникот дава на Советот на министри на БиХ претходно собрани мислењеа добиени од Министерството за правда на БиХ, Законодавството и Министерството за финансии и буџет на БиХ.

Мислење на Агенцијата

Од Агенцијата за превенција на корупцијата велат дека законодавецот треба да предвиди преоден период во кој до моментот на основање на Комисијата за одлучува на судир на интереси и преземањето на вработените од ЦИК на БиХ во Агенцијата, т.е. до основање на реални претпоставки за континуирана работа по прашањето на проблематиката на судир на интереси, тие дејности ги врши ЦИК на БиХ.

– Законодавецот поставил нереални рокови за имплементација на некои одредби на законот. Посебен проблем е што со усвојувањето на овој закон остана непокриено прашањето на судир на интереси во Ф БиХ и дистриктот Брчко во БиХ, за кои до стапување на сила на Законот за измени на Законот за судир на интереси, ЦИК била надлежна за постапките, велат во Агенцијата.

Дневни Аваз – Сараево