ВИДЕО: Тројца убиени и двајца повредени на плажа во Валона

Од:

Тежок инцидент попладнево се случи во познатиот албански приморски град Валона, во кој убиени се три лица, а две се ранети.

Инцидентот се случил во еден рестоарн кај плажата Расум, поточно местото познато како „Ладна вода“ кога се уште неидентифиувано лице со автоматска пушка „калашников“ пукало во правец на двете убиени момчиња, на возраст од 17 и 20 години, додека убиената жена (40) била турист и случајно е застрелана, јавува дописникот на МИА.

Двајцата повредени се пренесени во регионалната болница во Валона и според лекарите се надвор од животна опасност.

Очевидци изјавија дека убиецот е момче на околу дваесетгодишна возраст, дека цел му биле двете убиени момчиња и оти по инцидентот со возило побегнал од местото на настанот.

Инцидентот предизвикал паника меѓу големиот број капачи кои биле на плажата.