ВИДЕО: Страотна снимка на рели возач кој влетува во публиката

Од:

Во несреќата што вчера се случи на меѓународната ридска трка „Тара 2012“ погинаа тројца луѓе кои беа во публиката. На видео снимката од несреќата се гледа како возачот Бранислав Симиќ на една кривина ја губи контролата над возилото и влетува во публиката.

Сестра и брат, 27-годишната Јована и 30-годишниот Никола Тришиќ, како и уште еден маж ги изгубија животите во оваа несреќа, а неговиот 17-годишен син е тешко повреден.

„Барем неколку десетина набљудувачи беа на местото на трагедијата кога жолтиот „мицибуши“ излета од патот. Автомобилот влета во луѓето и се преврти. Се создаде паника, а само за неколку секунди подоцна се слушна вриштење“, кажа еден од очевиците.

Полицијата на Бајна Башта им одреди мерка задржување на тројца кои учествуваа во организација на трката. Поради постоење на основано сомневање дека извршиле кривично дело против општата сигурност притвор им е одреден на директорот на трката 56-годишен жител на Сараево, на членот на спортската комисија од Бијелина како и на директорот на трката задолжен за безбедноста од Земун.