ВИДЕО: Повредена Македонка во тешка сообраќајка во Грделичката клисура

Од:

Десет луѓе се повредени, петмина потешко во верижен судар на автопатот Белград – Скопје во Грделичката клисура кај Предејане, а меѓу повредените има и дете како и македонската државјанка од Куманово.

Седум повредени се примени во Ургентниот центар во Лесковац, додека другите се транспортирани во Ниш, пренесува РТС.

Македонската држајванка со тешки повреди е префрлена во болницата во Врање откако во нејзиниот автомобил удрило товарно возило по што настанал верижен судир.

Дежурниот лекар во болницата во Лесковац Томислав Грујевски рече дека за сега не се знае какви се повредите, зошто пациентите се испратени на снимање.

Очевидци велат дека верижниот судар се случил меѓу камион кој доаѓал од правец на Лесковац, но свртел во спротивната страна на коловозот и удрил во комбе, па потоа во камион што превезувал трупци, се одбил и продолжил понатаму.

Автомобилиот „БМВ“ што доаѓал од спротивен правец удрил во камионот и се протнал под него, а на нив потоа налетало уште едно возило.

БМВ-то е целосно смачкано, а во него биле заробени жена и дете кои со интервенција на пожарникарите се извлечени и префрлени во болница.

На местото од сударот се присутни повеќе медицински и пожарникарски екипи.

Сообраќајот е во прекин за товарни возила и автобуси, додека патничките возила се пренасочуваат по стариот пат Предејане – Владичин Хан.