(ВИДЕО) Огромни редици за карти за театар во Белград

Од:

Досега невидени редици луѓе чекаат пред билетарите на театарот „Југословенско драмско позориште“ во Белград.

Причината се пониските цени на влезниците за реперторат во февруари. Луѓето пред билетарата почнале да пристигнуваат уште во раните утрински часови, а околу 9 часот веќе не било возможно да се влезе во фоајето на театарот. Луѓето денеска чекале и по неколку часови бидејќи цената од 1500 динари за две влезници, за претставите што ќе се играат во февруари, е намалена за неколку пати.