ВИДЕО: Јужна Србија на удар: Драматично во Прокупље, реки течат по улиците

Од:

Силно невреме од Црна Гора пристигна на југот на Србија каде за краток временски интервал се очекува невреме пропратено со силни грмежи и обилни врнежи од дожд.

Судејќи според видеата, Пирот го фатил бурен ветер, а наскоро се очекува и големо невреме.

Во Прокупље ситуацијата е уште подраматична. Низ улиците течат потоци, а во овој дел на Србија се уште се очекува поголемо невреме.