(ВИДЕО) Голем пожар во фабрика во Грција, има исчезнати работници

Од:

Голем пожар избувна во раните утрински часови во познатата фабрика за бисквити „Виоланта“ во Трикала, Грција. Според противпожарната служба, пожарот избувна нешто пред 4 часот утрово и зафати едно крило од фабриката. Во тој погон биле 11 лица, од кои петмина не се пронајдени, додека преостанатите шест се однесени во болница. Еден пожарникар исто така е однесен во болница.

Според порталот trikalaola.gr, пожарот избувна по силна експлозија, додека дел од фабриката се урна. Експлозијата била толку силна што се слушнала на голема оддалеченост.

Поради пожарот, полицијата ја затвори улицата што води до фабриката, додека сообраќајот е пренасочен низ селото, за да се олесни работата на спасувачките екипи и да се обезбеди безбедноста на граѓаните и вработените. На местото на настанот се наоѓаат 40 пожарникари со 15 возила.