Две села се евакуирани по големиот пожар кој зафати грчкиот остров Китира во петокот наутро. Пожарот бил изгаснат, но од синоќа тој е повторно активен како резултат на силниот ветар, јавуваат грчки медиуми.
Властите прогласија вонредна состојба на островот што се наоѓа југоисточно од Пелопонез и сверно од Крит. Медиумите во Атина јавуваат дека на островот се упатени и дополнително пожарникари од други региони во Грција.
Огнените јазици достигнаа до селото Фратса.
Друг огнен фронт ги загрози населбите Пицианика, Калокеринес и Карвунадес. Претходно беа евакуирани Милопотамос и Ареи. Околу 64 пожарникари со 25 возила, 57 локалци, цистерни приватни и земјекопни машини се борат со огнената стихија.