(ВИДЕО) Ѓилас призна: Додека бил на власт, неговите фирми заработиле 619 милиони евра

Од:

Драган Ѓилас, лидерот на ССП, призна дека додека бил на власт, а државата била во тешка економска состојба, заработил 619 милиони евра, пренесува Новости.

„Ана Брнабиќ мртва ладна изјавува дека јас заработувам по 172.000 евра дневно, додека Роналдо и Меси по 80.000 евра, се правдаше Ѓилас во емисија на српска телевизија.

Еуроњуз: „Веќе кажавте дека за тие 10 години сте заработиле 619 милиони евра!

Драган Ѓилас: „Никогаш не сум рекол дека сум заработил 619 милиони, толку се приходите на фирмите во кои сум бил косопственик! Дали ти личам на Роналдо, да трошам на авиони, вили, манекенки…“