(ВИДЕО) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина, го натераа да скокне

Од:

Дете падна од ски-лифт на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време се држеше за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обидуваa да му помогнат. Тие го повикуваа да се пушти и дека ќе го причекаат во раце, но кога го направи тоа никој не го фати за да го ублажат падот, и падна на земја.

Повреденото дете е пренесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде е задржано на лекување. Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.