Васиљевиќ: Кој не сака полицијата да биде на улиците, сака хаос – ние нема да го дозволиме тоа

Од:

Директорот на полицијата во Србија, Драган Васиљевиќ истакна дека нападот врз полицијата е во суштина напад врз државата.

– Во претходните девет месеци имаше многу обиди да се припише на полицијата она што полицијата не го прави. Полицијата го чува јавниот ред и мир и одржува стабилна состојба на безбедност. Не знам, ако не беше полицијата, кој би ја одржувал таа безбедност. Кој друг би одржувал стабилна состојба на безбедност ако не полицијата? – рече тој.

– Знаете како, нападот врз полицијата во суштина значи напад врз државата. Кој не сака полиција, тој сака да бидеме небезбедни. Замислете да нема полиција на овие 23.000 локации. Што би се случило ако дојде некој што не го поддржува тој протест? Кој би интервенирал? Тоа би бил тотален хаос. Тотален хаос во земјата. И очигледно е дека некому му е потребен хаос или некој го сака тој хаос, но полицијата нема да дозволи хаос – рече Васиљевиќ во тв гостување.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Србија утрово приведе 29 студенти

А1он