Унгарските власти дозволија денеска мигранти да отпатуваат со возови кон Австрија и Германија.
Стотици мигранти кои неколку дена беа на железничката станица во Будимпешта се качија денеска во возови за Виена, Берлин и Минхен. Повеќето од мигрантите се сириски бегалци.
Дел од нив покажаа билети купени за цена од 120 евра, јавуваат западни медиуми.
Унгарската телевизија појасни дека мигрантите кои имаат валидни документи и билети за воз ќе може да итпатуваат кон Австрија и Германија.