Убиен католички свештеник во Босна

Од:

Католичкиот свештеник Миле Иванчиќ, жупник во околината на Заваљ Госпиќко-сењска бискупија св. Фрањо Асишки во Босна и Херцеговина е убиен во жупната куќа одалечена 20 километри од Бихаќ, соопшти полицијата

Како што јави Католичката новинска агенција, телото на жупникот Иванчиќ е пронајдено во сабота, а во текот на полициската истрага утвредно е дека му се нанесени тешки телесни повреди, особено во пределот на главата, така што полицијата заклучи дека станува збор за убиство извршено најверојатно со удари со камен во главата.

Комесарот на полицијата Унско-санска жупанија Маријан Симиќ изјави дека телото на свештеникот го пронашла жупљанка Мирјана Дујмовиќ, која Иванчиќ пред неколку дена ја замолил за помош во куќата.

Иванчиќ е роден 1953 година во околината на Заваљ, а за свештеник е назначен во 1963 година.
На почетокот на април оваа година планирал да ја прослави својот 50-годишнина од свештенството, односно златната миса, според католичкиот обичај.

Полицијата соопшти дека во жупната куќа во Заваљ на први февруари бил извршен напад, кога двајца крадци влегле во објектот додека свештениот бил во спалната соба, но тој тогаш изјави дека не успеал да ги препознае, бидејќи биле маскирани.

Пред католичкиот Божиќ минатата година во жупната куќа украдени се околу 3.600 евра, со кои свештеникот имал намера да ги плати мајсторите за поправка на кровот.

Фото: Аваз