Убиецот од Цетиње масакрот го започна по испиени 20 чаши пелинковац

Од:

Вршителот на должноста – директор на Црногорската полициска управа, Лазар Шќепановиќ изјави дека убиецот од Цетиње, Ацо Мартиновиќ на денот на масовното злосторство испил над 20 чаши пелинковац.

Шќепановиќ на тв Вијести рече дека Мартиновиќ кој се самоубил, во моментот на смртта имал 0,4 промили алкохол во крвта и урината.

„По детални информации од вештакот, количината на алкохол во телото на убиецот во моментот на злосторството била значително поголема. Тој ми кажа дека јавно можам да кажам дека се движела од 0,74 до 1,34 грама на килограм крв. Токму таа состојба од 17 часот и 21 минути, кога почна извршувањето на масовното убиство, па до 23 часот и 33 минути имаше време на испарување, апсорпција на алкохолот и отрезнување“ – рече Шќепановиќ.

На прашање кога точно почнал убиецот и кога го завршил масакрот во Цетиње, Шќепановиќ рече дека се започнало во 17 часот и 21 минути, а последната активност на убиецот била во 17 часот и 57 минути.

Тој кажа дека убиецот излегол од локалот околу 17:10 часот и дека потоа возел на непозната локација.

– Се сомневаме дека стигнал до куќата, а причина за сомнение е тоа што останала трага од шпоретот кој не бил во грејна состојба од каде испаднале две-три парчиња муниција и дека тој ја извадил од под рерната муницијата што ја користел при извршувањето на злосторничките дејствија, рече Шќепановиќ.

Би можело да ве интересира

„Нека го стават во вреќа и нека го фрлат, да не знаеме каде му е гробот“ – во Цетиње никој не сака погреб на убиецот

А1он

12 бели ружи за 12 недолжни жртви – потресни сцени на комеморацијата во Цетиње

А1он

По масакрот во Цетиње, Црна Гора ќе добие нов закон за оружје

А1он

Мицкоски: Македонија стои рамо до рамо со братскиот црногорски народ во овие болни мигови

Шќепановиќ: Вчерашниот ден беше еден од најтешките денови во историјата на Црна Гора

Горан Наумовски

Вукан (9) и неговиот брат (14) Јован Вулетиќ, најмладите жртви на Ацо Мартиновиќ