Трагедија на Тасос: Девојка загина во силна бура, младо момче е во критична состојба!

Од:

Девојка од Србија, чиј идентитет се уште не е познат, загина утрово во несреќа на Тасос во Грција, додека М.С (20) од Стара Пазова кој бил со неа е тешко повреден.
 
Според неофицијални информации на српски „Блиц“, двајцата изнајмиле скутер со кој се возеле низ островот.
 
На Тасос вчеравечер имало голема бура. Никој не знае што точно се случило, но најверојатно скутерот се лизнал и тие излетале од патот. Девојката која бил совозач починала на самото место, додека момчето било тешо повредено, – изјавил извор запознаен со околностите на несреќата.
 
Повреденото момче е пренесено во болница во кавала, каде лекарите се борат за неговиот живот.
 
Според пишувањата, тие биле идентификувани преку агенцијата од Белград со која патувале.