Тајни документи на ЈНА за НЛО во Југославија

Од:

Белград – Шифра Волк. МиГ-ови кои имаат дозвола да пукаат. НЛО урнат во Словенија. Аутопсија во Белград. Надлетувања над Задар, Пазин, Црес и Ниш. Нејасни сведочења на пилоти. Целата вистина за вонземскиот живот во Југославија ја открива хрватскиот Јутарњи лист.

Мирна ноќ над Титоград. Над планината Румија летаат пилоти со авиони Галеб. Почеток е на осумдесеттите и станува збор за стандардни вежби со оглед дека во близина се наоѓа школото за пилоти на ЈНА. Секоја вечер овде се обучуваат идните пилоти. Летовите се рутиснки и кратки, по малку и досадни, а тогаш една вечер преку радиоврската се слушна престрашен глас. „Волк, Волк. Повторувам, Волк“.

Шифра Волк-зборува возбудено пилотот и одеднаш паѓа на висина под три илјади метри.

452978 радар Ф Тајни документи на ЈНА кои сведочат за НЛО во Југославија
На небото веднаш се појавуваат неколку авиони МиГ 21. По телефон се будат сите командири на воздухопловните сили. Општа узбуна, а пилоти држат прсти на лансерот на ракети.

Наредбата гласи: „Собори се што лета над три илјади метри. Без предупредувања!
На хоризонтот се појавуваат портокалеви, брзи и непредвиливи летечки објекти. МиГ-овите тргнуваат кон нив, но тие одеднаш исчезнуваат во далечина. Еден од пилотите успева да ги следи и влегува во албанскиот воздушен простор. Ги има на нишан и бара дозвола за пукање.

-Ја помина границата, запри ја потерата и излези од Албанија, му одговара командирот кој ја запира мисијата.

Светлечките објекти на ноќното небо со месеци се појавуваа и во Црна Гора. Кога гласините стигнаа до јавноста, беше наредено доколку се појават повторно да бидат соборени. Постоеше и страв дека тоа може да бидат американски шпионски летала, но младите пилоти сепак добија само една наредба.

Тајна операција Волк

Кога ќе видиш светло викај Волк!

Приказната за операцијата Волк над Румија ја раскажува пилот на ЈНА во пензија. Истата приказна ја чул и хрватскиот пилот Драгутин Препушт од Пула, кој и самиот кон крајот на осумдесеттите два пати доживеал необични средби на небото.

541141_vanzemaljci03_f-1

Препушт како инструктор во авионите Галеб, една летна ноќ со ученикот тргнал кон Задар. Вежбата била стандардна и наменета за поискусни ученици кои се на чекор да станат професионални пилоти. Рутата ја поминувале секоја вечер-од Пула преку Опатија до Бакањац кај Задар, па назад.

За време на третиот лет, некаде околу полноќ во 1987. година, баш кај Бакањац почнува хаосот.

-Ноќта беше ѕвездена, а летот пријатен, па се опуштив и преку командната табла го надгледував мојот ученик на кого добро му одеше, раскажува Препушт.
Во еден момент ученикот му се обратил сиот вознемирен.

-Што е ова од левата страна-прашал ученикот. Препушт го кренал погледот и здогледал неверојатна глетка. На само педесет метри здогледал портокалева елипса која се движела кон нив.

-На радарот го нема!

Авионот во тој момент се наоѓал на висина од 3.600 метри, а инструкторот проценил дека НЛО се движи со брзина од околу 900 километри на час.

Тие остро завртиле со авионот зашто најбитно било да избегнат судир. Галебот се нашол на висина под три илјади метри, а Препушт погледнал во долниот дел од неидентификуваното летало. Светело во црвена боја.

541141 вонземјани 03 Ф 1 Тајни документи на ЈНА кои сведочат за НЛО во Југославија

Веднаш ја контактирал контролата на лет во Загреб.

-Нема ништо. Сами сте, му одговориле контролорите.

Препушт барал дополнителна проверка, меѓутоа ниту Љубљана ниту Загреб ниту Белград на радарите на војската не забележале друг објект освен Галебот со кој се возеле.

Контролорот од Бриони говори: „Го гледам со „голо“ око, не си полудел, ама на радарите го нема“.

Инструкторот му рекол на ученикот никому да не му пријавува тоа што го виделе, бидејќи може да станува збор за илузија, но кога слетале во Пула веќе ги чекале функционери на војската, ги раздвоиле и барале секој од нив да напише извештај.

„Со страв го опишавме тоа што го видовме, но никогаш никој повеќе не ги спомна извештаите. Еден искусен колега ми кажа дека нема пилот кој летал повеќе од 200 часа, а барем еднаш да немал слично искуство, раскажува Препушт.

Се обидел да го прати НЛО

-Станува збор за НЛО, тоа навистина е непознат објект, меѓутоа себе си се убедував дека станува збор за електромагнетни облаци, кои остануваат како трага зад секој авион. Тоа ми беше единственото можно објаснување, вели Препушт.

Објаснува како во еден момент се охрабрил и се обидел да следи НЛО, но тој под агол од 90 степени нагло го сменил правецот, што не може да го изведе ниту едно летало направено од луѓето.

Вонземјани во Југославија

Ескперти за НЛО тврдат дека долгогодишната легенда за вонземјани во Југославија почнала со списите кои ги собрало Одделението за вселенски прашања основано веднаш по Втората Светска војна.

Екс Југославија во педесеттите и шеесеттите години ги имала сите потребни елементи за уверлив мит за вонземјаните, од детаљно опишани средби со суштества од други галаксиим преку тајни бази, фотографии и завери, па се до манастирските фрески од 14 век на кои се прикажани непознати суштества во летала. Имаше дури и локален случај Розвел вокој по примерот на оригиналниот американски, во Словенија паднал НЛО, по пто следувала обдукција на извадениот вонземјанин.

Изгледа дека освен Насер и Нехру, во дворот на Тито доаѓале и луѓе од вселената, а за сето тоа биле известени Американците, веројатно за случај на инвазија или експоатација на технологија.

Јутарњи.хр