Белградскиот надбискуп Станислав Хочевар изјави дека католиците во Србија ќе се сметаат за робови, се додека не ги посети папата Франсис.
-Додека папата не дојде во Србија, нашите католици ќе се сметаат за робови, бидејќи останатите можат да го поздрават својот поглавар, а католиците не-истакна Хочевар за „Политика“.
Тој додаде дека посетата на папата нема да биде една од темите во текот на најавената средба со министерот за надворешни работи на Ватикан.
Е. Г.