ВИДЕО: Српски бизнисмен убиен пред очите на неговите деца

Од:

Сопственикот на познатото кафуле „Пјаца дел Кафе“ во белградската населба Белвил денеска претпладне е убиен пред својот угостителски објект, врз кого напаѓачите на мотор испукале десетина куршуми.

Весникот „Курир“ пишува дека убиениот 40-годишен Александар Стаменковиќ до своето кафуле пристигнал со црвен „Ренџ Ровер“, а напаѓачот и неговиот соучесник го извршиле убиството движејќи се со мотор.

Убиството во Белвил го потврди и белградската полиција, која го пронашла безживотното тело утрово околу девет часот и 45 минути.

Реонот е блокиран од полициски сили и се врши увид, а во тек е потрага по убијците.

Како што објавија српските медиуми, Стаменковиќ кога излегол од автомобилот почнал да бега кон своето кафуле. Покрај возилото биле пронајдени негови лични работи.

Во тој дел на Белвил се наоѓаат неколку кафеани, а сведоци на убиството биле повеќе луѓе. Во близина биле присутни и родители со мали деца, пишува весникот „Блиц“.

Според сознанијата на „Курир“, моторот со кој најверојатно побегнале убијците на Стаменковиќ неколку часа подоцна бил пронајден запален во Топчидерската шума.

Фото и Видео: Курир.рс