Српска партија презеде лого на Обама

Од:

Логото на новоформираната партија „Окупљање за Србију“, неверојатно потсетува на логото кое го користеше американскиот претседател, Барак Обама во тек на своите кампањи.

Имено лидерите на партијата Чедомир Јовановиќ, Верољуб Стевановиќ и Бошко Начиќ се определиле за лого, кое што има многу сличности со оние кои што ги користеше Обама, во сите свои кампањи.

Единствено според што се разликуваат е распоредот на боите. Останува отворено прашањето дали во Србија се е дозволено или актерите немале доволно пари за креирање на сопствено лого.

Screenshot_2

Е. Г.