Србија ќе почне преговори, Албанија доби кандидатски статус

Од:

Европската комисија во својот годишен извештај за Србија оценува дека земјата „доволно ги исполнила“ политичките критериуми, а делумно и економските критериуми на Европската Унија што било доволно за Комисијата во репортот да наведе дека очекува Србија да ги почне пристапните преговори со Унијата најдоцна до јануари следната година. ЕК смета дека 2013 била историска година за патот на Србија кон ЕУ, особено поради придонесот што земјата го дала во нормализирање на одностите со Приштина.

Комисија денеска препорача Албанија да добие кандидатски статус поради, како што се наведува, задоволителниот напредок во изминатата година. ,,Албанија одржа добри избори, усвои два клучни закона и деловникот во парламентот беше усвоен со политички консензус. Оттука, ЕК препорачува на Албанија да и се даде кандидатски статус,, – стои во извештајот на ЕК.