Претседателот на словенечкиот парламент Грегор Вирант ги распиша претседателските избори за 11-ти ноември .
Досега кандидатура за претседател најавија актуелниот претседател Данило Тирк, поранешниот премиер Борут Пахор, европратеникот Милан Звер, како и независните кандидати Марко Кожар и Моника Малешиќ.
Актуелниот претседател, Данило Тирк, ја најавил својата намера да влезе во претседателската трка. Тирк најсериозен конкурент гледа во поранешниот премиер Борут Пахор.