Сириец роден во Хрватска доби име Мухамед Хрвоје

Од:

Сириска брачна двојка, која го доби своето трето дете во болница во Славонски брод, одлучи во знак на благодарност кон Хрватска да го нарече своето новороденче Мухамед Хрвоје.

Момчето Мухамед Хрвоје е петто сириско бебе родено во болницата во Славонски брод, објави хрватската РТЛ.

Бебето е родено вчера и е тешко 2.850 грама и долго 50 сантиметри.

– Во знак на благодарност за се што сторивте за нашите сонародници, но и поради односот кон нас и грижата која и е пружена на мојата сопруга, се одлучивме за ова име за нашиот син, изјави пред новинарите Али Кадро, кој во Хрватска со семејството стасал од Алепо, Сирија.