Шешељ: Брамерц е будала!

Од:

Лидерот на радикалите Војислав Шешељ низ смеење ја сослушал веста дека главниот хашки обвинител Серж Брамерц покренал постапка во која од Хашкиот трибунал се бара негово враќање во притворот во Шевенинген.Во краткиот телефонски разговор за „Вести “ рекол:

– Серж Брамерц е обична будала. Ништо не сум ветил, зашто мене буквално ме исфрлија од Хаг. Сигурно дека таму не се враќам доброволно, а интересно ќе биде како „моите соучесници во сите воени злосторства“ Александар Вучиќ и Томислав Николиќ ќе ме апсат доколку судот го побара тоа.

Шешељ стигна во Србија на 12. новември, откако беше пуштен на привременаслобода до изрекување на пресудата, без никакви услови и забарана за учество во политичкиот живот.