Самоопределување бара итно апсење на Тачи и на Весели

Од:

Шефот на парламенатарната група Деократска партија на Косово, Адем Грабовци, потврди дека поднел оставка, а движењето Самоопределување тврди дека тоа не е доволно и бара итно апсење на претседателот Хашим Тачи и претседателот на Парламентот Кадри Весели.

Грабовци истакна дека поднел оставка бидејќи неговото име последните денови било спомнувано во лош контекст што влијаело на неговиот политички и човечки авторитет.

Косовскиот портал „Инсајдер“ претходно објави дека поседува повеќе од илјада телефонски разговори на Грабовци од 2011 година, кои го докажуваат неговото влијание при вработување во високи државни институции. Разговорите со денови беа објавувани на „Инсајдер“.

Порталот тврди дека Грабовци ги координирал сите незаконски активности во партијата за да вработи стотина луѓе, да избира членови на различни совети, директори на претпријатија и на независни агенции.

Државното обвинителство ги анализира материјалите и транскриптите и доколку пронајде елементи за кривично дело, Обвинителството ќе покрене истрага.

Самоопределување оценува дека покрај оставката на Грабовци, кој „практично призна дека е виновен“, истото треба да го направат и „шефовите на криминалната група“ Тачи и Весели.
– Оставката на Грабовци од функцијата шеф на парламентарната група не е доволна, бидејќи како што сам признава, тој е извршител, кој само примал наредби од Тачи и Весели.
Народото на Косово не е задоволен со оставката на извршителот и бара итно апсење на Тали и Весели, се посочува во соопштението на Самоопределување.