САД го осудија насилството во косовскиот Парламент

Од:

Американскиот амбасадор на Косово, Грег Делави изјави денеска дека е длабоко разочаран од насилството за време на состанокот на Комисијата за надворешни работи во косовскиот Парламент, на кој членот на движењето Самоопределување, Дритон Чауши фрли солзавец.

– Разочаран сум што еден член го искористи насилството за политички цели. Морам да кажам дека минатонеделната дебата за демаркацијата покажува како треба да изгледа демократијата. Солзавецот не е демократија, истакна Делави.

Во меѓу време, поранешниот лидер на Самоопределување, Албин Курти најави нови протести во и пред Парламентот, кога ќе се гласа за договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Тој смета дека договорот претставува „криминален чин и предавство“, додавајќи дека „се подготвени да се спротивстават на ратификацијата“.

Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, кој е потпишан минатиот август во Виена, треба утре да се најде на дневен ред на косовскиот Парламент.
Овој документ е многу важен за Приштина, бидејќи од неговото усвојување зависи дали Брисел ќе одобри визна либерализација за косовските граѓани.