Протести во Истанбул по повод годишнината од апсењето на Екрем Имамоглу

Од:

Илјадници Турци денес на протест во центарот на Истанбул ја одбележаа годишнината од апсењето на затворениот градоначалник на тој град, Екрем Имамоглу, додека Републиканската народна партија (ЦХП) објави дека нема да ја повлече неговата кандидатура на следните претседателски избори, објавува Ројтерс.

Поддржувачите на Имамоглу, кој се смета за главен ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, мавтаа со црвени партиски транспаренти и турски знамиња пред градското собрание на митингот организиран од неговата опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).

Демонстрантите скандираа „права, закон, правда“ додека сопругата на Имамоглу зборуваше на митингот.

Претседателот на ЦХП, Озгур Озел, за Ројтерс изјави дека верува дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака партијата да ја повлече кандидатурата на Имамоглу на претседателските избори, но дека тој нема да го стори тоа, бидејќи 15 милиони луѓе ја изразија својата поддршка за Имамоглу како кандидат на ЦХП на изборите.

Озел рече дека изборите, кои треба да се одржат во 2028 година, ќе претставуваат избор помеѓу демократија и автократија.

„Следните општи избори се референдум за тоа дали ќе владеат демократи или автократи. Ако победиме, ќе се изгради многу силна демократија“, рече Озел.

Озел претходно рече дека „Ердоган ги користи судовите за да се ослободи од својот ривал“ и дека „постои цена што мора да ја плати за тоа“.

Би можело да ве интересира

Турција бара повеќе од 2.300 години затвор за противникот на Ердоган

А1он

Продолжуваат протестите во Турција поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу