Пронајдена е двегодишната Дуња, во Србија се тргаше цела ноќ

Од:

Куче за спасување на планинската служба утрово ја пронашло двегодишната Дуња Марковиќ, девојчето кое исчезна вчера во градот Уб. Како што дознава Телеграф.рс, била премзната, но во добра состојба. Девојчето го пронашло специјално обучено куче на планинската спасувачка служба. Детето цела ноќ поминало надвор, настинало, но е во добра здравствена состојба.

Дуња исчезна вчера околу 14 часот кога излегла од дома сама. Веста за нејзиното исчезнување дојде преку апликацијата Find Me.