Продолжува евакуацијата на шесте планинари

Од:

По четири дена снежна блокада на црногорските Комови, шесте планинари од Бијелина и Србија би требало утрово да бидат евакуирани со моторни санки.

Како што пренесе „РТРС“, поради неповолните метеоролошки прилики, оневозможена е евакуација со хеликоптер, а блокираните планинари се наоѓаат во една викендица, каде што висината на снегот изнесува минимум три метри.

Како што пренесуваат медимите поради високата снежна покривка, каква што не памети локалното население, планинарите не можат да дојдат ниту до изворот за вода, поради што се принудени да конзумираат истопен снег, а и храната им е при крај.

Е.Г.