Предупредување за можни терористички напади врз судовите во Турција

Од:

Турското Министерство за правда испрати писма до сите судски институции во земјата во кое предупредува од закана за можни терористички напади, објави турскиот весник „Радикал“.

Предупредувањето се темели на разузнавачка информација, според која е можно „сепаратистичка терористичка организација“ да изврши вооружени или бомбашки напади врз судовите.

Весникот наведува и дека минатата недела Министерството за правда ги предупредило магистратите и за потенцијална опасност од киднапирање на државни службеници.