Пожар на граничниот премин Бајаково, едно лице загина

Од:

Едно лице загина, а повеќе се повредени во пожар кој синоќа избил во простории на граничната полиција во Бајаково, на границата на Хрватска со Србија, соопшти хрватската полиција.

Медиумите наведуваат дека меѓу повредените се седум полицајци и три лица кои се наоѓале во просториите за сместување на приведени лица.

Инаку пожарот се случил во 20:30 часот во простории на граничната полиција, додека други детали за сега не се соопштени.

Главниот директор во вуковарско-сремската полиција испратил екипа која треба да истражи дали несреќата се случила поради пропусти на полициските службеници.

Е.Г.