Пожар го зафати Националниот парк Крка

Од:

Големиот шумски пожар кој вчера попладне избувна кај Кистање во Хрватска се заканува и на Националниот парк Крка. Според последните информации, пожарот го зафатил Националниот парк во еден дел на кањонот на Крка, а огнот на една од локациите се префрлил и преку реката.

Битката со пожарот трае веќе два дена, при што огнот опожари површина од речиси 1.000 хектари.

Високите температури од 40 степени и топлиот ветер ја разгоруваат огнената стихија, која што ја гаснат два канадери и три воздушни трактори.