Електричните бојлери со емајлиран котел од брендот ТАЛАС, чија земја на потекло е Бугарија, се повлечени од пазарот поради опасност од струен удар, се наведува на веб-страницата на системот за предупредување за небезбедни производи (НЕПРО).
Станува збор за модели на бојлери E5044 и E5035 со зафатнина од 50 литри, со грејач од 1,5KW, нето тежина од 17,7 килограми, кои се произведени оваа година.
Во описот на ризикот на веб-страницата на НЕПРО, се наведува дека несовршеноста на конструкцијата во однос на празнината на основната изолација кај познат број електрични бојлери може да доведе до струен удар доколку барањата наведени во упатствата за инсталација не се се исполнети.
Стопирана е продажбата на спорните бојлери.
Увозник на бојлерот е „ЕЛИТ ИНОКС“ доо Чачак, а дистрибутери се „РЕНОМЕ“ Белград, „ЕКСПЕРТ“ Лесковац, „ВОДОТЕХНС“ Чачак и „ЕУРОИМПЕКС“ Ниш.