Поставувањето на десетметарски крст ги разгоре страстите во Сараево

Од:

Босанските Срби поставија метален крст висок десет метри во близина на Сараево, во сеќавање на над 6.500 сараевски Срби убиени за време на војната во Босна и Херцеговина.

– Го подигнавме крстот за да го гледа Господ и да ги чува Србите, изјави Бранислав Дукич, претседателот на Сојузот на логорашите во Република Српска, по чија иницијатива е поставен крстот. Тој потенцира дека никој нема право да го забрани почитувањето на на сеќавањето на 6.500 души кои загинаа во Сараево, ниту да одрекува дека во тој град имало 126 логори во кои 500 „маченици“ не ја дочекале слобода.

Поставувањето на крстот на рид крај градот беше оценето како провокација од страна на Бошњаците од Сараево. Заменикот на сараевскиот градоначалник Аљоша Чампара изјави дека крстот е „груба навреда за жртвите од српската агресија врз Босна и Сараево“.

– Од тој рид беа убивани цивили во Сараево, меѓу кои и 1.600 деца, додека некои се обидуваат од тоа прашање да соберат евтини политички поени пред изборите, рече Чампара.

Потпретседател на Домот на народите на Парламентот на Босна и Херцеговина. Сташа Кошарац коментираше дека тоа не е провокација, туку одраз на желбата идните поколенија да знаат што се случувало со Србите во Сараево од 1992 до 1995 година.

– Како политичко Сараево и високиот претседател на меѓународната заедница ќе реагират на поставувањето на крстот е нивни проблем, изјави Кошарац.

Сараевскиот весник „Дневник Аваз“ објави дека минатата ноќ десетина луѓе се обиделе да го урнат крстот, но полицијата на Република Српска, на чија што територија се наоѓа тој, ги спрчила и уапсила шестмина од нив.