Попустите во Грција почнуваат на 15 јули

Од:

Летните попусти во Грција ќе почнат во вторник на 15 јули и ќе траат до крајот на август.

По повод претстојната летна распродажба, Националната конфедерација на грчките комори (ЕСЕЕ) издаде инструкции со кои ги потсети своите членови за нивните обврски при продажба кои се предвидени со закон. За време на попустите, секоа парче стока во прадавниците мора да има две цени-пред распродажбата, која вообичаено е прешкртана, и новата цена со попуст.

Трговците сами одлучуваат дали ќе објават колку проценти изнесува попустот.

За оние кои ќе објават лажни попусти или проценти, следуваат големи парични казни. ЕСЕЕ исто така ги повика потрошувачите да се воздржат од купување стоки од нелегални улични продавачи „кои не нудат квалитет, гаранции или сметки“.