Полицајка на должност прободена во градите – заврши во болница

Од:

За време на полициска интервенција поради пријавено семејно насилство на островот Угљан во Хрватска, се случи сериозен инцидент во кој тешко e повредена полицајка.

Според досегашните информации, при влегувањето во семејната куќа, осомничениот маж ја нападна полицајката и ѝ нанесе повреда со нож во пределот на градите.

По нападот, таа е итно пренесена во Општата болница во Задар, каде што ѝ е укажана лекарска помош, пренесува 24sata.hr.

Лекарите констатираа дека повредите се сериозни, но дека животот на полицајката не е во опасност.

Од полицијата во Задар соопштија дека повикот за сомнение за семејно насилство беше примен во четвртокот вечерта, по што полициски службеници веднаш излегоа на терен.

Осомничениот брзо беше совладан, уапсен и однесен во полициските простории.

Во тек е истрага која ќе ги утврди сите околности на настанот, како и одговорноста на лицето што ја нападна полицајката.

Би можело да ве интересира

„Пајакот“ нема кривично да одговара за нападот на полицајката

Сандра Бошковска