Почина српскиот актер Бора Тодоровиќ

Од:

По куса болест, во Белград почина српскиот актер Бора Тодоровиќ.

Неколку дена по операцијата на слепо црево, актерот се пожалил на болки и бил итно опериран. лекарите констатирале дека имал мозочен удар, после кој, последните два дена не се будеше од кома.

Тој е роден во Белград, на 5 ноември 1929 година.

Оствари големи театарски улоги, а на филмското платно дебитираше во 1967 година. Ќе остане запомнет по улогите во „Балкан експерес“, „Мистер Монтенегро“, „Балкански шпиун“, „Дом за бесење“ и многу други.