Почина Горан Хаџиќ, поранешниот претседател на Република Српска Краина

Од:

Поранешниот претседател на Република Српска Краина, Горан Хаџиќ кого Хашкиот трибунал поради здравствени причини го пушти на привремена слободата во април 2015 година, почина вечерва во Нови Сад.

Горан Хаџиќ починал на приемното одделение на службата за Итна помош околу 20 часот, на 58 години.

Поради тумор на мозокот, Хаџиќ во април 2015-та беше пуштен на привремена слобода поради лекување, а неговиот адвокат Зоран Живановиќ во април годинава потврди дека судењето пред Хашкиот трибунал е прекинато „на неодредено време, и оттогаш Хаџиќ со семејството живееше во Нови Сад.

Судењето на Хаџиќ беше прекинато во октомври 2014 година откако му се слоши во притворското одделение. Хашкиот суд Хаџиќ го товареше за прогон на Хрватите, за истребување, убиства, незаконски притворања, мачења и нечовечко постапување, депортација и присилно преселување во периодот од 1991 до 1993 година,во источна Славонија и Книнска краина.

Судењето започна 2012 година, откако беше уапсен по седум години криење.

Трибуналот го ослободи Хаџиќ на недоредено време без дополнителни услови, освен што неговиот лекар беше обврзан на судот редовно да му доставува извештаи за неговата здравствена состојба.