По масакрот во Цетиње, Црна Гора ќе добие нов закон за оружје

Од:

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ најави дека земјата за два месеци ќе добие нов закон за оружје, кој предвидува ригорозни контроли на сите постоечки дозволи.

По повод трагедијата во Цетиње, кога на 1 јануари во крвавиот напад на 45-годишен напаѓач загинаа 12 лица, премиерот на Црна Гора свика вонредна седница на Советот за национална безбедност.

Според соопштението, Советот се фокусирал на клучните предизвици и откривање и конфискација на нелегалното оружје и предложил низа мерки насочени кон борба против криминалот и заштита на граѓаните.

„Ова беше најтешкиот Совет за национална безбедност поради проблематичните теми што нè снајдоа. Мислам дека првото нешто што е важно е да се обединиме како народ во ваква ситуација“, рече Спајиќ.

Посочувајќи дека злосторството во Цетиње го извршил „медицински феномен, човек со психијатриски проблеми“, Спајиќ рече дека овој случај нема врска со верски или национални елементи.

Тој ги пофали црногорските медиуми, здравствените институции и полицијата за нивниот професионален одговор.

„По анализата на ситуацијата имавме неколку заклучоци што треба да се направи во наредниот период“, рече Спајиќ и додаде дека тоа пред се се однесува на поседувањето оружје во Црна Гора.

„Секој кој поседува оружје ќе мора да ги помине најригорозните проверки во Европа за да го задржи своето оружје. Тоа важи и за сите ловечки друштва, кои мора да ги обноват лиценците“ рече тој.

Тој додаде дека смета дека треба да се затворат сите приватни стрелачки спортски клубови.

„Во однос на нелегалното оружје, веќе имаме кампања „Почитувај го животот – вратете го оружјето“. Но, доколку не го предадат нелегалното оружје во рок од два месеца, најстрого ќе бидат казнети“, истакна Спајиќ.

Тој рече дека по тој рок треба да стапи во сила нов Закон за оружје, според кој секое недозволено носење или поседување оружје ќе се казнува со највисоки казни.

„Нема да има милост за тие луѓе“, рече Спајиќ.

Би можело да ве интересира

„Нека го стават во вреќа и нека го фрлат, да не знаеме каде му е гробот“ – во Цетиње никој не сака погреб на убиецот

А1он

12 бели ружи за 12 недолжни жртви – потресни сцени на комеморацијата во Цетиње

А1он

Мицкоски: Македонија стои рамо до рамо со братскиот црногорски народ во овие болни мигови

Шќепановиќ: Вчерашниот ден беше еден од најтешките денови во историјата на Црна Гора

Горан Наумовски

Вукан (9) и неговиот брат (14) Јован Вулетиќ, најмладите жртви на Ацо Мартиновиќ

Спајиќ по трагедијата во Цетиње: Синоќа во некои угостителски објекти се славеше додека Црна Гора тагуваше

Горан Наумовски