Пилотите виновни за паѓањето на хеликоптерот кај Белград

Од:

Одговорноста за несреќата во која загинаа седум лица при уривање на хеликоптер на војската на Србија на 13. март, кој превезувал бебе старо пет дена од Нови Пазар кон белградскиот аеродром „Никола Тесла“, ја сноси пилотот Омер Мехиќ, соопштија од Јавното обвинителство на Србија.

Меѓу загинатите во несреќата беа четворица припадници на српското Воено водухопловство – Омер Мехиќ, Милован Ѓукановиќ, Небојша Трајиќ и Иван Миладиновиќ, двајца цивили – лекарот Џевад Љајиќ и анестезиологот Мирослав Веселиновиќ и бебето на семејството Адемовиќ.

Од обвинителството известија дека делумна одговорност сносат и вториот пилот и техничарот во кабината.